Конкурсот за учество на фестивалот “РАДИКА ФЕСТ” 2026

Објавен е конкурсот за учество на фестивалот на детски песни “Радика Фест” 2026, кој оваа
година по 17-ти пат ќе се одржи во Дебар на крајот на Мај 2026 година.
Условите за учество на фестивалот се следни:
-Песните треба да бидат необјавени, а текстовите треба да бидат со тематика од детското
секојдневие.
-Материјалот се доставува на ЦД или УСБ (финална снимка), или на e-mail: radikafest@hotmail.com
-Возраста на изведувачите е од 7 до 15 години,

  • Конкурсот трае заклучно со 15 април 2026.
    -Сите учесници на детскиот музички фестивал “Радика Фест” 2026 предходно треба да се
    пријават на аудиција за да учествуваат на фестивалот.
    Зинче Мимидиноски како директор на овој фестивал информира дека овој фестивал како проект
    од национален интерес е поддржан од Министерство за култура и туризам, општина Дебар,
    Центар Жупа, Маврово-Ростуше при што очекуваме финансиска поддршка и од други спонзори и
    донатори.
    Во изминатите 16 години, во продукција на фестивалот поминале над 220 авторски композиции и
    со над 250 учесници од Дебар и дебарско, Маврово и Ростуше, Центар Жупа, Струга и струшко,
    Охрид како и од други градови од републикава.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ