Кошта: Само Данска и Гренланд можат да одлучат за својата иднина

Не можеме да прифатиме дека законот на најсилниот преовладува над правата на најслабиот, бидејќи меѓународните правила не се опционални, а сојузите не можат да се сведат на низа трансакции, изјави денес претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, на седница на Европскиот парламент.
Коста рече дека членовите на Европската унија (ЕУ) се обединети околу принципите на меѓународното право, територијалниот интегритет и националниот суверенитет, вклучувајќи ја поддршката и солидарноста со Данска и Гренланд.
Само Данска и Гренланд можат да одлучуваат за својата иднина, нагласи тој, додавајќи дека ЕУ не може да прифати кршење на меѓународното право или човековите права никаде во светот, објави Радио Слободна Европа.
Коста рече дека геополитичките предизвици со кои се соочува Европа понекогаш изгледаат застрашувачки, наведувајќи ги како примери агресијата на Русија против Украина, поткопувањето на меѓународниот поредок базиран на правила, како и доведувањето во прашање на клучните сојузи.
Сите три димензии моментално се тестираат во трансатлантските односи, рече Коста.
Тој верува дека објавувањето на нови царини од Соединетите Американски Држави би им наштетило на трансатлантските односи.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ