Ќура ја отвори својата кампања во Лабуништа: Промената повеќе не може да сесопре!

Со масовно присуство на жителите на Лабуништа, независниот кандидат за градоначалник
на Општина Струга, Менди Ќира, ја отвори својата изборна кампања, со силна поддршка
од коалицијата ВЛЕН и кандидатите за општински советници.

„Лабуништа е место каде што жртвата, трудот и печалбарството напишале историја.
Но, тоа е и место на неисполнети ветувања. 20 години не владееја истите луѓе со
празни зборови. Ова мора да заврши!“ – истакна Менди Ќира во својот говор.
Ќира ги претстави своите конкретни проекти за Лабуништа: изградба на парк со
спортски терени, отворање на детска градинка со капацитет за 150 деца,
административна канцеларија, легализација на просторот за пензионери и изработка
на урбанистички план.

Исто така, тој го претстави и својот визионерски план за цела Струга, кој вклучува:
решавање на проблемот со депонијата, изградба на две подземни паркиралишта,
реконструкција на водоводот без азбестни цевки, уредување на плажите, изградба на
прифатилиште за кучиња скитници, како и повеќе паркови, културни и спортски
активности.

На отворањето зборуваа и претставници на коалицијата ВЛЕН, кои нагласија дека
поддршката за Менди Ќира е јасен доказ дека граѓаните на Струга се обединети за
промена.

„На 19 октомври, Струга ја одлучува својата иднина.нашиот град ќе добие власт каква што
заслужува – транспарентна, одговорна и развојна.“ – заврши Ќира, упатувајќи повик за
голема граѓанска мобилизација.

На настанот зборуваше и Адем Нуроски, заменик претседател на изборниот штаб, на Менди Ќира.

„Денеска имам особена чест и радост што сме собрани овде, за отворањето на нашиот изборен штаб и започнување на кампањата,“ изјави Адем Нуроски, заменик шеф на изборниот штаб на Менди Ќура.

Тој нагласи дека Лабуништа не е само точка на мапата, туку дом, сеќавања, семејство и соседи, и затоа чувствува голема одговорност заедно со граѓаните да се работи за подобро утре.

„Мојата задача е јасна – да бидам со вас, да ве слушам, да ги пренесам вашите проблеми и потреби и да помогнам тие да бидат решени,“ рече Нуроски, додавајќи дека приоритети се подобри патишта, уредено село и услови младите да останат тука.

Нуроски го истакна кандидатот Менди Ќура како човек со визија, искрена волја и енергија, кој знае да слуша, да разбере и – најважно – да работи.

„Нашата сила произлегува од заедничката желба и потреба за промена. Затоа на изборите да бидеме обединети: заокружете број 133 за Менди Ќура за градоначалник и број 7 за советничката листа,“ повика тој.

На крајот, изрази уверување дека заедно може да се создаде Лабуништа со подобри услови, сигурност и иднина за сите деца.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ