Во спортската сала во Лабуништа вечерва, по неколку години пауза, повторно се одржа голем заеднички ифтар на кој присуствуваа голем број жители и гости.
Настанот помина во пријатна и достоинствена атмосфера, собирајќи ги на едно место многу Лабуништани.
На ифтарот присуствуваа и градоначалникот на општина Струга г.Менди Ќура како и заменик-министерот за правда на Република Македонија , г.Ален Деребан , кои со своето присуство го збогатија настанот.
Заедничкиот ифтар беше организиран со поддршка на компаниите Општина Струга ЕлектроПромет, УниМетал ЕРР-КОП Тв Спектра Бабуш Компани Салко СИ Трим и Лум и Подгорка, кои овозможија успешно одржување на оваа традиционална средба.
Настанот претставуваше можност за дружење, меѓусебна почит и зацврстување на врските меѓу жителите на Лабуништа, со надеж ваквите собири да продолжат и во иднина.








