Во четврток, на 2 октомври, по завршувањето на пладневната молитва, ќе се одржи свечена церемонија по повод поставувањето на камен-темелникот за доградба на Мехмед Али Пашината џамија во Лабуништа.
Церемонијата ќе го означи почетокот на еден значаен проект кој има за цел да обезбеди проширување и унапредување на верскиот објект. Проектното решение ќе биде претставено од архитектот Мирсад Реџоски, кој работи на планот за новиот изглед на џамијата.
На настанот ќе се обратат и неколку истакнати верски личности, меѓу кои: Реис-ул-улема Шаќир еф. Фетаху, претседателот на Исламската верска заедница на Северна Македонија, како и Ади еф. Муртиши, муфтија на Струга. Церемонијата ќе биде збогатена и со учење на Кур’ан.
Организаторите ги повикуваат сите жители на Струга, како и верниците од поширокиот регион, да присуствуваат на настанот и заеднички да го одбележат овој духовен и историски момент.








