Легендарниот Јирген Клоп има нова работа – тој е возбуден, а фановите разочарани

Јирген Клоп ги изненади сите со нова работа. Легендарниот германски тренер стана „глобален фудбалски шеф на Ред Бул“, а под негово раководство ќе работат сите клубови во сопственост на оваа компанија. Откако познатиот стручњак се официјализираше на новото работно место, почнаа да се појавуваат негативни коментари и го нарекоа продадена душа.

Јирген Клоп го напушти Ливерпул на крајот од минатата сезона по речиси девет години минати во клубот. Тој истакна дека му треба пауза од тренерската работа, најави дека ќе се огради од фудбалот, но ’пензијата’ траеше кратко.

57-годишникот му се враќа на фудбалот како глобален шеф на фудбалот во компанијата Ред Бул. Работата започнува на 1 јануари и тој ќе ја има улогата на шеф за РБ Лајпциг, РБ Салбцург, Њујорк Ред Булс, Брагантино и Омија.

Клоп се огласи по новото назначување. Тој истакнува дека е многу возбуден.

„По речиси 25 години на теренот, не можев да бидам повозбуден што ќе бидам вклучен во ваков проект“, започна Клоп, додавајќи:

Љубителите на фудбалот жестоко го критикуваат фактот што легендарниот тренер ја прифатил понудата на Ред Бул. Не можат да му го простат ова и го нарекуваат предавник и лицемер.

“Клоп е лицемер. Се продаде на компанија која го менува фудбалот. До денес имам одлично мислење за него”, е еден од коментарите на навивачите на Ливерпул кои беа изненадени од одлуката на Германецот да си замине.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ