Лекари без граници спасија 48 мигранти од Медитеранот

Приватната хуманитарна организација Лекари без граници спаси 48 мигранти од брод во централниот дел на Медитеранот.

Меѓу спасените има девет деца, соопшти организацијата.

Според соопштението, лицата патувале на дрвен чамец и биле однесени на бродот Гео Баренц во меѓународни води во близина на либискиот брег.

Кусо време подоцна, италијанските власти му соопштија на бродот дека може да влезе во пристаништето на градот Анкона на јадранскиот брег.

Екипажот на бродот го критикуваше фактот дека уште еднаш им беше доделена локација далеку од нивната сегашна позиција, затоа што се патот до Анкона да трае пет дена.  (МИА)

ОСТАНАТИ ВЕСТИ