Лула: Американската воена интервенција во Венецуела би била хуманитарна катастрофа

Претседателот на Бразил, Луиз Инасио Лула да Силва, денеска на отворањето на самитот на Меркосур изјави дека евентуална воена интервенција на Соединетите Американски Држави во Венецуела би претставувала „хуманитарна катастрофа“ и „опасен преседан за светот“.
„Вистинските закани за нашиот суверенитет денес доаѓаат во форма на војна, антидемократски сили и организиран криминал. Повеќе од четири децении по војната за Фолкландските Острови, американскиот континент повторно е заплашен од присуството на воена сила надвор од регионот“, изјави Лула, пренесува CNN Бразил.
Тој наведе дека „се тестираат границите на меѓународното право“ и додаде дека воената интервенција во Венецуела би била катастрофа за целата хемисфера и опасен преседан.
Од август, САД распоредуваат воени средства на Карибите, што Вашингтон првично го оправда со борбата против меѓународната трговија со дрога.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ