Македонија ќе одигра пријателски меч со Летонија на 13. ноември во Скопје

Македонската репрезентација договори пријателски натпревар со Летонија на 13 ноември кој ќе се одигра на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Македонија, во ноемвриската рамка, од квалификациите за СП 2026 ја очекува последниот натпревар од квалификациите на гостувањето против Велс во Кардиф. Но, претходно, слободниот термин кој според ФИФА мора да биде пополнет ќе биде искористен за пријателски натпревар со Летонија.

Претходно, пак, во октомври Македонија ја очекуваат квалификациските дуели против Белгија на гости во Гент, и против Казахстан на домашен терен во Скопје.

Македонија, и по септемврискиот собир, е на врвот во квалификацската група со 11 бода, еден повеќе од Белгија и Велс кои се на делба на втората позиција.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ