„МАМО ОДИ СПИЈ, ДОЦНА Е“: Последниот телефонски повик на исчезнатото 20-годишно момче во Лариса

Вознемиреноста на роднините и пријателите е огромна за лицата кои се наоѓале во кобниот воз кој во Лариса се судри со товарен воз. Меѓу нив е и 20-годишниот Анастасиос Куцопулос од Кардица.

„Немаме вести од него, чекаме да го слушнеме. Знаеме дека дефинитивно не беше во првиот вагон“, изјави за АНТ1 неговата девојка Мариета Александрис и додаде:

„Бевме по сите болници и не го најдовме“.

Партнерката на Анастасиос рекла дека со него разговарала околу еден час пред несреќата, односно кога се качил во возот.

„Тој не ми кажа дека нешто го загрижува. Знаев дека има премногу луѓе и дека тој седи некаде помеѓу вториот и третиот вагон“ додала девојката според која родителите на нејзиниот партнер се веќе во Лариса.

20-годишникот, се качил во возот во 21.20 часот во вторникот вечерта.

Неговиот последен телефонски повик бил со мајка му во 22.50 часот истата вечер, во кој тој наводно рекол „мамо оди спиј затоа што ќе доцнам“. Според истите информации, 20-годишникот и рекол на мајка си дека возот има многу гужва.

Меѓутоа, неговата мајка не спиела по овој телефонски повик и во 12 часот почнала да се обидува да го пронајде на телефон, што, сепак, не било можно.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ