Масовно киднапирање на ученици од католичко училиште во Нигерија: Од 300, околу 50 успеале да избегаат

Педесет од повеќе од 300 ученици киднапирани од нигериско католичко училиште минатата недела избегаа, соопшти во недела Христијанската асоцијација на Нигерија (CAN).
Учениците избегаа помеѓу петокот и саботата и оттогаш се повторно обединети со своите родители, изјави во соопштение лидерот на CAN, Булус Јохана.
Вкупно 253 деца, вклучувајќи 12 наставници, сè уште се со киднаперите, додаде Јохана, католички бискуп кој е и сопственик на училиштето.
Напаѓачите ги киднапираа учениците и наставниците од училиштето „Света Марија“ на северозападот од земјата во петокот, што е најновиот во серијата напади врз училиштата оваа недела што ја принудија владата да ги затвори училиштата.
Папата Лав XIV во неделата повика на „итно“ ослободување на учениците и наставниците земени од вооружени лица во едно од најголемите масовни киднапирања во земјата.
„Упатувам итен апел за итно ослободување на заложниците“, рече Лав XIV на крајот од мисата на плоштадот „Свети Петар“ во Рим.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ