Мажот обвинет за убиство на поранешниот премиер на Јапонија се извини на семејството после 3,5 години: „Немам изговори“

Човекот обвинет за убиството на поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе за прв пат се извини на семејството на поранешниот лидер.
Тецуја Јамагами, кој претходно се изјасни за виновен за убиство, на судењето рече дека чувствува „длабоко сожалување“ за вдовицата на Абе, Акие, објави новинската агенција Кјодо.
„Му предизвикав на семејството три и пол години страдање. Немам изговори“, изјави Јамагами пред судот.
Јамагами употребил рачно изработен пиштол за да го застрела Абе за време на политичката кампања во западниот јапонски град Нара на 8 јули 2022 година, а поранешниот премиер починал во болница истиот ден.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ