Денес кандидат за градоначалник на Општина Струга, Менди Ќира , одржа прес-конференција на која ги презентираше најважните проекти и визијата за развој на Струга и струшкиот регион.
Во своето обраќање до јавноста, Ќира истакна дека неговата програма се темели на реални и изводливи решенија кои директно ќе придонесат за подобар живот на граѓаните.
Тој најави конкретни мерки во областа на инфраструктурата, туризмот, екологијата и локалниот економски развој, нагласувајќи дека приоритет ќе биде транспарентното управување и активната соработка со граѓаните.
Со ова, како што рече, Струга може да стане пример за современа, чиста и уредена општина во која младите ќе гледаат иднина.
Менди Ќира: За еден мандат ќе направам многу повеќе отколку што е направено заедно во пет мандати
©2024 Спектра ТВ. Сите права задржани. Made by
Ultrasoft