Во Лабуништа на 29 септември (понеделник) ќе се одржи отворање на изборниот штаб на независниот кандидат Менди Ќура и Коалицијата ВЛЕН. Настанот е закажан за 20:30 часот во спортската сала при ОУ „Мурат Лабуништи“.
Со отворањето на штабот официјално ќе започне изборната кампања во овој регион.
„Нашата цел е Лабуништа и цела Струга да добијат поголемо внимание и заслужено место во локалната власт,“ изјави независниот кандидат Менди Ќура во најавата за настанот.