Менди Ќура прогласи победа во Струга

Кандидатот за градоначалник на Струга, Менди Ќура, поддржан од „Вреди“, прогласи победа во вториот круг на локалните избори, и вети дека ќе биде градоначалник на сите граѓани. Во обраќањето вечерва пред неговите поддржувачи, тој рече дека има предност пред против кандидатот, Арсим Далипи од Националната алијанса за интеграција со околу 500 гласови, што според него е доволно да прогласи победа.

Зад Ќура  отворено застана и премиерот и лидер ан ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Во првиот круг пред две недели Ќура имаше предност од околу 250 гласови.

Вториот круг на локалните избори ја потврди тесната трка.

Поддржувачите на Ќура веќе слават во центарот на градот со автомобили, знамиња и музика, а изборните штаботи се во очекување на вестите од општинската изборна комисија и конечната обработка во ДИК.

Официјалните записници и конечниот збир ќе ја потврдат или прецизираат разликата, откако ќе пристигнат сите материјали од терен.

Во оградот е забележливо и присуствот на полицијата која апелира славјето да биде мирно, без блокирање сообраќај и со почитување на јавниот ред.

Пресекот што го направи ДИК пред 21 часот, покажува дека Арсим Далипи има освоено 48,48 отсто од гласовите или 11.256 гласови, а Менди Ќура 50,06 отст или 11.621 гласови.

Во избирачкиот список се запишани 62.711 гласачи, од кои на гласање излегле 22.261, што претставува излезност од 39,73 отсто.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ