Мени Ќура ја претстави својата визија за Струга на првата прес-конференција

Денес, Независниот кандидат за градоначалник на Струга, Мени Ќура, одржа своја прва прес-конференција на која ги презентираше своите идеи и визија за иднината на градот. Ќура, кој се кандидира како независен, истакна дека неговата цел е да ја направи Струга модерна и функционална општина, со посебен акцент на развојот на инфраструктурата, образованието и екологијата.

Изјава за медиумите даде и Адем Нуроски, потпретседател на Изборниот штаб, кој ја потенцираше поддршката за кандидатурата на Ќура и ја нагласи важноста на новиот пристап во локалното владеење.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ