Поради продор на многу поладен бран од север, денес (понеделник 17 март) навечер и ноќта кон вторник (18 март) и во вторник врнежите кои ги очекуваме полека ќе преминуваат во снег и во градовите, особено во западната половина од државава и ќе се формира снежна покривка, најпрвин во повисоките населени места, планините и на Скијачките центри, а потоа и во дел од градовите во западната половина од нашата Република Македонија.
И во повисоките предели од Скопската котлина со овој ладен продор ќе има услови за послаби врнежи од снег, а локално слабо провејување на снег можно е да има и во дел од ниските предели од котлината.
Сето ова ќе биде проследено со засилен до силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час).
Овој ладен бран ќе ги спушти температурите за околу, па и за повеќе од 20 степени за разлика од оние кои ги имавме во изминативе денови.