Нема поголемо задоволство од тоа да ја гледаш оваа слика, да го гледаш својот народ во толкав број, сплотен и единствен како никогаш до сега.
Само заедно и единствени ќе успееме. Дозволете од ова место да искажам неизмерна благодарност до моите лабуништани моите браќа и сестри од околните села како и од градот Струга кои безрезервно ми ја даваа нивната подршка и беја рамо до рамо со мене во изборната кампања.
Исто така би сакал да му се заблогодарам на Демократската унија за интеграција, коалициските партнери и секако лидерот на албанцита Али Ахмети што ми овозможија да бидам дел од победничката листа за пратеници во петтата изборна единица.
Почитувани пристуни изборната кампања веќе завршува а во изминатиов период сме имале доста средби, трибини и меѓусебни разговори каде сме ги презентирале нашите програми, идеи и политики, кои несомнено се конструктивни, прогресивни, проевропски и секако во интерес и добробит на народот.
Тука стојам пред вас и ја барам вашата подршка, бидејќи вие сте двигателот на ошштеството, бидејќи вашиот глас го дава правото и легитимитетот за тоа кој ќе ве преставува во парламентот, владата и државните институции, а верувам дека знаете кој се најдобрите преставници за вас.
Сме докажале дека знаеме да раководиме и менаѓираме со државни институции, а вие сте мотивот да продолжиме уште подобро тоа да го правиме.
Почитувани браќа морам да напоменам дека посебно сум горд на мојата работа, посебно сум горд што како директор на ЈУМ Центар за социјални работи Струга сум имал можност да запознам и услужам голем дел од населението во о.Струга, горд сум затоа што институцијата која ја раководам ја претворив во сервис за граѓаните, нема граѓанин кој се обратил а не добил соодветна и правична услуга, нема граѓанин кој не го остватил своето право, ве уверувам дека и во иднина ќе продолжим да му служим на мојот народ.
Јас живеам тука со вас, се среќаваме секојдневно и разговараме за проблемите кои не засегаат, но исто така изнаоѓаме и нудиме решенија за истите. Зад нас стојат доста реализирани проекти, но исто така пред нас стојат и доста предизвици кои верувам и ветувам заеднички ќе ги надминуваме и решаваме.
Имаме тим на млади образовани кадри, мои браќа и пријатели Лабуништани кои секогаш се на располагање за потребите на својот народ, и реализирање на нови проекти.
Почитувани на овие избори ви се нудат разни политички партии и субјекти, има такви на кои не им доликува да го бараат вашиот глас, а има и такви кои нажалост и во минатото а и сега го нарушат заеднишството и го поделат вашиот глас.
Драги лабуништани сигурен сум дека ги препознавате на кои политички субјекти не им е местото во Лабуништа и сигурно ги препознавате тие кои прават поделби и секогаш биле на погрешната и поразената страна.
Ние сме победници, ние сме тука да ги повикаме сите наши браќа Лабуништани да ни се придуржат, да се придружат во европстиот фронт, фронт кој обединува, фронт кој нуди просперитет и интеграција на нашиот народ и нашата држава, фронт кој преставува една голема фамилија, фамилија која на 8ми ќе слави голема победа.
Затоа јас како дел од листата за пратеници во изборна единица 5 на колацијата Европски Фронт ве повикувам сите масовно да излезете на гласање, да го дадете вашиот глас таму каде ќе биде вреднуван, да го дадете гласот за бројот 4 и иншалах на 8ми Мај сите заедно да прославиме голема победа.
Таа победа нема да биде само на Европскиот Фронт, нема биде лично моја, таа победа ќе биде на сите нас, таа победа ќе биде за Лабуништа!