Ураганот Милтон ослабе до тропска бура од трета категорија со постојани ветрови од 125 милји на час.
Метеоролозите продолжуваат да предупредуваат дека претставува сериозна закана за Флорида и околината.
Милтон вчера стигна до петтата категорија, во поголемиот дел од денешниот ден беше тропска бура од четврта категорија, а Националниот центар за урагани на САД вели дека и покрај слабеењето сега, Милтон ќе биде голема и исклучително опасна бура кога ќе го погоди брегот на Флорида.