Младиот шахист од Струга Лука Симоноски ќе учествува на Светско првенство во Албанија

Младиот и талентиран шахист од Струга, Лука Симоноски, заедно со екипата на ,,Алкалоид“ изминатиов викенд учествуваше на Државното младинско екипно првенство што се одржа во Скопје. Заедно со својот тим, Лука го освои второто место.

Младиот шахист, пред себе има голем предизвик. Од 25-ти до 29-ти април, тој ќе учествува на Светското поединечко кадетско првенство што ќе се одржи во Албанија и ќе се натпреварува во категорија до 12 години, во конкуренција од околу 400 млади шахисти.

,,Чест ми е што ќе учествувам на светско првенство. За секој шахист голем сон е да учествува на големи натпреварувања. Моите очекувања се да дадам се од себе и да ја претставам нашата земја во најдобро светло.“-вели Симоноски за Strugaonline.

Лука наскоро ќе наполни 11 години и е најмладиот стружанец кој некогаш се пријавил да учествува на светско првенство.

извор:Strugaonline

ОСТАНАТИ ВЕСТИ