Полициските службеници од сите осум сектори за внатрешни работи при МВР, во рамки на засилените сообраќајни контроли спроведени вчера, изрекоа вкупно 777 прекршочни казни низ државата.
Најголем дел од казните се однесуваат на непрописно паркирање (256), возење со брзина над дозволеното (175), како и возење без возачка дозвола (69). Покрај тоа, регистрирани се девет возачи под дејство на алкохол, шест за минување на црвено светло и 25 санкционирани пешаци.
Изречени се и казни за неносење сигурносен појас (44), неносење заштитна кацига од страна на мотоциклисти (11) и користење мобилен телефон при возење (28). Од сообраќај се исклучени 22 возила, од кои осум технички неисправни, а 14 нерегистрирани.
Од МВР најавуваат дека засилените контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила за зголемена безбедност на патиштата.