На Ќафасан приведен Србин баран со Интерпол

На граничниот премин „Ќафасан“ синоќа е приведен 62-годишен Србин, кој бил баран со Интерпол, Германија.

– На 09.07.2024 во 21.45 часот на Граничниот премин Ќафасан, полициски службеници го лишиле од слобода М.П.(62) од Република Србија, затоа што при извршена проверка на службената евиденција било констатирано дека се бара од страна на Интерпол, Германија – се вели во соопштението од Министерството за внатрешни работи.

Тој бил предаден на полициски службеници од ОВР Струга за понатамошна постапка.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ