На „Ќафасан“ приведено лице од Србија по барање од Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР

– На 10-ти јули 2024 година, во 00:15 часот, по наредба од Основниот суд во Струга, полициски службеници од ОВР Струга спровеле 62-годишно лице од Република Србија во Казнено-поправната установа Затвор-Скопје, за издржување екстрадиционен притвор.

– Тој претходно, на граничниот премин „Ќафасан“, беше лишен од слобода врз основа на барање од Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР, информираат од СВР Охрид. (Крај)

ОСТАНАТИ ВЕСТИ