На тезги продавале метални боксирачи, лисици, палки, ножеви…

На 07.02.2025 на подрачјето на Охрид, тимови од полициски службеници од СВР Охрид и службеници од Државниот пазарен инспекторат извршија заеднички контроли на лица кои вршат продажба на производи на јавна површина.

  • Притоа, на две тезги во градскиот пазар, затекнати се 63 годишно лице од Охрид и 47 годишно лице од Крива Паланка, како за продажба изложиле ножеви, метални боксирачи, телескопски палки, лисици за врзување, клешти, метални палки, ножеви на преклоп, електро шок направи, разни спрејови и други предмети, информираат од СВР Охрид.

Предметите, посочуваат, се одземени и против двете лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ