НА ТУРЦИЈА ПО КАТАСТРОФАЛНИОТ ЗЕМЈОТРЕС И СЕ ЗАКАНУВА НОВА КАТАСТРОФА – ова никако не е добро за тамошното население!

Два разорни земјотреси ја погодија Турција денес како и северот на Сирија, а се почувствуваа ширум тамошниот регион и неколку околни земји.

За жал подрачјето на кое се случи земјотресот овие денови ќе биде зафатен од уште една голема катастрофа – леден бран.

По невремето проследено со силен ветер кој го погоди регионот, сега истиот се поместува кон исток, па наредните денови поголемиот дел од Турција ќе биде зафатен од леден бран со обилни снежни врнежи и локални невремиња.

Веќе утре снежно невреме ќе го погоди Истанбул, а веќе се откажани и голем број на летови. По ова снежниот бран ќе се приближи кон југоисток односно на подрачјето кое е погодено од силниот земјотрес утринава.

Големо отежнување ќе биде и фактот што ова подрачје се наоѓа во планински појас и надморска височина од 1.000 метри над морето.

Се очекува невреме со силен ветер и снег, по што температурите би паднале до рекордни -20 степени.

Студената воздушна маса се очекува да се спушти до Медитеранот и Сирија па ова подрачје ќе биде погодено од силни дождови и ниски температури.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ