Над 500 жртви во циклонот Фреди во јужна Африка

Циклонот Фреди усмрти повеќе од 500 луѓе во Малави, Мозамбик и Мадагаскар откако минатиот месец го зафати копното, што ја прави една од најсмртоносните бури што го погодиле африканскиот континент во последните 20 години.

Циклонот трае повеќе од еден месец и можеби е најдолготрајната бура досега, а собори и рекорди по интензитет. Циклонот Идаи уби повеќе од 1.000 жители на Мозамбик, Зимбабве и Малави во 2019 година, што го прави најсмртоносниот циклон што ја погодил Африка од 2000 година.

Тропската бура Динео го погоди Мозамбик во 2017 година и предизвика големи поплави во Зимбабве, при што загинаа околу 250 луѓе, а речиси 2.000 останаа без покрив над главата.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ