Парагвајската полиција ја направи најголемата заплена на марихуана во таа земја, запленувајќи 89 тони дрога во конвој од 19 возила што беа пресретнати на автопатот во близина на границата со бразилската држава Парана, објавува порталот „Глобо“.
Првично, заплената била проценета на 50 тони, но по детално броење, било утврдено дека станува збор за 89 тони марихуана.
Дрогата била транспортирана во конвој составен од камиони, пикапи и комбиња, а полицијата успеа да ги пресретне осомничените во Салто дел Гваира, место кое се наоѓа веднаш до границата со Парана.
Најголема заплена на марихуана во Парагвај: 89 тони запленети на границата со Бразил
©2024 Спектра ТВ. Сите права задржани. Made by
Ultrasoft