Најмалку 13 лица повредени во две пукотници во Минеаполис

Најмалку 13 лица се повредени, од кои петмина критично, во две пукотници што избувнаа во кампови за бездомници во Минеаполис во рок од 12 часа еден од друг, соопштија локалните власти.

Градоначалникот на Минеаполис, Џејкоб Фреј, рече дека не би бил изненаден ако пукотниците се поврзани, објави ABC News.

Ова е четврто и петто масовно пукање во Минеаполис во последните три недели.

Претходно, на 27 август, имаше пукотница во католичкото училиште „Благовештение“ во која беа убиени две деца, а 21 лице беше повредено.

„Ова е трагично, ужасно и неприфатливо. За жал, не е изненадувачки“, рече Фреј на прес-конференција.

Првото пукање во понеделник вечерта се случи во камп за бездомници во југоисточен Минеаполис.

Осум лица беа застрелани, а според началникот на полицијата Брајан О’Хара, биле испукани околу 30 истрели. Полицијата брзо реагирала откако минувач го известил блискиот полицаец за инцидентот.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ