Најмалку 21 лице загина во свлечиште во Папуа Нова Гвинеја, објавија денес австралиските медиуми.
Свлечиште уништи куќи околу 2 часот наутро додека луѓето спиеле во селото Кукас во покраината Енга, објави Австралиската радиодифузна корпорација (ABC), повикувајќи се на полициски извори, објави АП.
Гувернерот на покраината Енга, Питер Ипатас, изјави дека локалните жители рекле дека загинале до 30 лица, додека досега се пронајдени 18 тела.
Најмалку 21 лице загина во свлечиште во Папуа Нова Гвинеја
©2024 Спектра ТВ. Сите права задржани. Made by
Ultrasoft