Најмалку девет жртви: Хорор во новогодишната ноќ, стампедо во трговски центар во Уганда

Најмалку девет лица загинаа, а неколку други се повредени во метеж во трговски центар во главниот град на Уганда, Кампала за време на новогодишната прослава, соопшти денеска локалната полиција.

По огнометот пред трговскиот центар во јужниот дел на Кампала, настана метеж, пет лица загинаа на лице место, а повеќе се повредени, се вели во соопштението на полицискиот портпарол.

Итната помош ги пренесе повредените во болница, каде е констатирана смрт на девет лица, додаде тој.

Портпаролот рече дека меѓу жртвите има и млади луѓе и ја осуди негрижата и невниманието.

Прославата на Новата година во Уганда е прва во последните три години, поради ограничувањата поврзани со пандемијата на Ковид-19 и безбедносните проблеми. (МИА)

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *