Во украинскиот регион Донецк, руските војници убија пет цивили и ранија едно лице во текот на изминатиот ден, објави на Фејсбук началникот на регионалната воена администрација на Донецк, Вадим Филашкин.
Според него, од почетокот на инвазијата, руските сили убиле најмалку 3.646 луѓе во регионот и повеќе од 8.150, а овие бројки не ги вклучуваат жртвите во Маријупол и Волнаваха, пренесува Укринформ.
Вчера, руската армија фрли воздушна бомба врз станбениот сектор на градот Костјантиновка, во регионот Донецк.
Делови од соборен руски дрон утрово ја оштетија тролејбусската мрежа во украинската престолнина Киев, објави началникот на градската воена администрација, Тимур Ткаченко.
Тој рече дека делови од дронот паднале на неколку локации, вклучувајќи ги и улиците во централниот округ Шевченкив, објави Ројтерс.
„Тролејбуската мрежа е оштетена“, напиша Ткаченко на Телеграм, додавајќи дека во нападот нема повредени.
