Флорида се подготвува за една од најсилните тропски бури во последните сто години. Ураганот Милтон се движи кон брегот на САД, а властите ги повикуваат жителите веднаш да се евакуираат.
Претседателот Џо Бајден ги предупреди жителите на Флорида да се евакуираат веднаш пред ураганот Милтон, ураган од четврта категорија, велејќи дека ситуацијата е „прашање на живот и смрт“.
Иако Милтон донекаде ослабе од категоријата пет во категоријата четврта, тој сепак носи екстремно силни ветрови до 233 км/ч, откако помина по северниот раб на полуостровот Јукатан во Мексико. Се предвидува дека бурата утре вечер со полна сила ќе ја погоди густо населената област заливот Тампа, помалку од две недели откако ураганот Хелен веќе ја опустоши државата.
Жителите на Флорида добија совет да се подготват за најголемата евакуација во последните години.
Џо Бајден предупреди дека ураганот Милтон може да биде една од најлошите бури што ја погодила Флорида во последните сто години. „Евакуирајте се веднаш, веднаш, веднаш“, им рече тој на жителите, нагласувајќи дека федералната влада ќе обезбеди помош „пред, за време и по“ ударот на бурата. Илјадници федерален персонал веќе се распоредени за да помогнат во подготовката и обезбедувањето поддршка за време на бурата, додаде Бајден.
President Joe Biden says Hurricane Milton “could be the worst storm to hit Florida in over a century.”
Biden encourages people under evacuation orders to leave because “it’s a matter of life and death — that’s not hyperbole.” https://t.co/IXI3YfzY0r pic.twitter.com/KNiQvapUby
— NBC News (@NBCNews) October 8, 2024