НАТУРА ЛАБ учесник на панел дискусија за успесите постигнати во полето за здрава животна средина!

Нашите претставници, Јасмин и Алија, ги презентираа чекорите, начините и резултатите постигнати во текот на оваа година. Станува збор за проектите со кои се спречи еколошка катастрофа и тоа: затворање и засадување на дивата депонија, спречување на сечата и затворање на сите каменоломи.

Организаторите, а и присутните, со неверување прашуваа „како е тоа возможно!?“. Редок пример, можеби и едниствен, да се одземаат 6 (шест) концесии за каменоломи.

Се надеваме и очекуваме дека активистите кои ги имаат истите проблеми, ќе ги применат нашите препораки и ќе ги добијат битките против штетниците на животната средина.

НАТУРА ЛАБ

ОСТАНАТИ ВЕСТИ