Од Општина Дебар апелираат до граѓаните да не излегуваат непотребно во градот со автомобили и да не ги паркираат на улица, бидејќи ќе го попречуваат расчистувањето на снегот.
Снежни врнежи кои го зафатија поширокиот дебарски регион, со поголем интензитет доцна попладнево, направија снежна покривка во градот од десетина сантиметри, а на повисоките населени места таа е многу повисока.
Засега, според дебарската секција на Јавното претпријатие за одржување на магистрални и регионални патишта нема прекин на сообраќајот на патиштата кои се под нејзина надлежност.
– Наши екипи се постојано на терен во расчистување на снегот од коловозите на кој има остатоци. Поради тоа, но и ниските температури, се препорачува без поголема потреба да не се тргнува на пат, а доколку е неопходно возачите да бидат многу внимателни – додаваат од секцијата.
Моментно располагаат со 80 тони сол и 100 кубни метри ризла, но во случај на потреба ќе набават дополнителна количина.
Надележните од трите општини во регионот, Дебар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, велат дека тендерираните фирми ќе почнат со расчистување на снегот од патиштата и тротоарите.
Од Општина Дебар апелираат до граѓаните да не излегуваат непотребно во градот со автомобили и да не ги паркираат на улица, бидејќи ќе го попречуваат расчистувањето на снегот.