Недостиг на работници во албанскиот туристички сектор, само во Валона ангажирани околу 600 странци

Албанскиот туристички сектор, што впрочем е појава присутна и во другите сектори, се соочува со недостиг на работна сила и покрај зголемените плати, поради што е принуден да ангажира странски работници, потврдува за весникот „Тема“ Васил Бединај од здружението на хотелските работници.

– Се надевам дека информациите што секојдневно ги даваме на социјалните мрежи или медиумите, дека оние кои се без работа, ќе ја добијат вистинската информација дека условите за вработување не се како пред две или четири години, туку дека се многу добри. Платите се речиси двојно зголемени, условите за работа станаа поудобни, минимална плата веќе нема, вели Бединај.

Менаџерот на една од градските хотелски структури во Валона, Јетмир Шабани, посочува дека имаат постојано вработен персонал, односно во текот на целата година, но во летната сезона приливот на туристи бара зголемување на работната сила.

-Отворени сме не само за Валона туку и за цела Албанија да има квалификувани луѓе и да има работна сила. Но, имајќи го предвид иселување на младите, кое во последно време е сè помасовно бараме и странци, изјавил Шабани.

Повикувајќи се на Агенцијата за вработување во Валона, весникот наведува дека само во овој приморски град, моментно се вработени 582 странски државјани, од нив 300 се од Италија, 70 од Турција, 30 од Индија, исто толку од Полска и по 20 од Косово и од САД.

-Кога станува збор за ангажирање странци, нив претходно ги имавме повеќето од земји, како Бангладеш или Непал, но тие тука доаѓаа привремено за да најдат можност да заминат во некоја од западно европските земји. Поради оваа причина, бизнисите веќе се фокусираа на работната сила од Филипините или од Бали, затоа бараме државата да ги поедностави процедурите за нивен влез и престој, наведуваат од Сојузот на мали и средни бизниси.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ