Поради топлото време и прекумерното изложување на сонце, сончаницата и топлотниот удар се сѐ почести кај луѓето, а еден необичен симптом може да укаже дека ви е потребна лекарска помош.
Некои од симптомите – како што се висока телесна температура, прекумерно потење и главоболка – се прилично познати.
Сепак, постојат неколку знаци кои се малку поневообичаени, вклучувајќи агитација, раздразливост и нејасен говор. Бизарното однесување може да значи дека треба да посетите лекар.
Ако не го сторите тоа може да има сериозни последици по вашето здравје.
Најчестите симптоми на сончаница и топлотен удар на кои треба да обрнете внимание се:
- многу висока телесна температура (над 40 степени)
- конфузија
- неразбирлив говор
- замор
- губење на свеста
- топла, сува кожа или обилно потење
- гадење и повраќање
- брзо дишење
- главоболка
Овие симптоми обично се случуваат по поблага топлинска исцрпеност, што не бара итен третман ако можете да се оладите во рок од 30 минути.