Неофицијално: Решат Арсланоски е предлог за директор на ОУ „Мурат Лабуништи“

Во тек се преговорите за составот на Советот на Општина Струга. Неофицијално, од Месниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Лабуништа информираат дека нивен предлог за нов директор на основното училиште „Мурат Лабуништи“ е Решат Арсланоски, професор во истото училиште.

Останува да се види како ќе се одвиваат преговорите и дали ВМРО-ДПМНЕ ќе го добие раководењето со училиштето. Доколку тоа се случи, според неофицијалните информации, нов директор ќе биде токму Решат Арсланоски.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ