Несреќа во Германија: Мал авион синоќа се изгуби од радарот, утрово пронајдени остатоците заедно со две безживотни тела

Две лица загинаа во несреќа на мал авион во Германија во неделата вечерта. Несреќата се случила во сојузната покраина Рајнска област-Пфалц.

Авионот требало да слета на аеродромот Битбург во недела навечер како што било планирано, но одеднаш го изгубил контактот со радарот.

Следела потрага што траела неколку часа, објавува „Билд“.

Полицијата и пожарникарите ја пребарувале областа сè додека конечно не ги пронашле остатоците од малиот авион наутро. Службите за итни случаи ги откриле остатоците од авионот на поле во близина на селото Флисем, со две лица внатре, без знаци на живот.

Полицијата сè уште не објави никакви информации за идентитетот на жртвите. Причината за несреќата е исто така сè уште нејасна.

Фото: Архива

ОСТАНАТИ ВЕСТИ