Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху потврди дека Израел го убил новиот лидер на Хезболах Хашем Сафиедин, кој минатиот четврток беше цел на воздушен напад во Бејрут.
Тој исто така рече дека Израел ја убил и неговата замена.
Нетанјаху го повика народот на Либан да ја врати својата земја и да ја стави на вистинскиот пат.
„Ако тоа не го сторите, Хезболах ќе продолжи да се обидува да се бори против Израел, на ваша штета“, рече тој.
„Станете и вретете си ја својата земја“, додаде.