Неуспешен првиот обид на Велика Британија да лансира своја ракета во земјината орбита

Неуспешен беше првиот обид на Велика Британија да лансира сопствена ракета во земјината орбита, поради „аномалија“ за време на летот, јави агенцијата ДПА.

По полетувањето од Корнвол, „Боингот 747“ на „Virgin Orbit“ наречен „Козмик Грл“ што ја носеше ракетата, прелета 10,7 километри над Атлантскиот Океан од каде беше лансирана ракетата со девет мали сателити.

Организаторите на лансирањето за мисијата „Start Me Up“ соопштија дека ракетата не успеала да стигне до орбитата.

„Се чини дека има аномалија што ја спречи ракетата да стигне до орбитата. Ги анализираме сите информации. Кога ќе дознаеме повеќе… ќе ги споделиме“, се посочува во серијата пораки што преку Твитер ги објави „Virgin Orbit“.

Додека инженерите се обидуваат да откријат што тргна наопаку, авионот безбедно се врати во Корнвол.

Авионот е наречен „Козмик Грл“ по хитот на Ролинг Стоунс од 1981 година.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ