Никола Данев живее и работи во САД и со години е дел од американскиот систем за противпожарна заштита како волонтер. Почнал како обичен пожарникар, а денес е командир на единица во сојузната држава Њујорк.
Македонецот, Никола Данев, кој живее и работи во САД, подолго време е дел од системот за противпожарна заштита во американската сојузна држава Њујорк.
Волонтерската кариера ја започнал на универзитетот „Колумбија“, каде покрај студиите се посветил и на службата за брза помош. Од волонтерски медицински техничар, стигнал до директор на универзитетската служба за брза помош.
Управувал со тим кој се грижел за безбедноста на илјадници луѓе на Менхетен,а во соработка со универзитетското раководство работеле на подобрувње на условите за студентите, пред сè во делот на психичкото здравје.
Се запишал и на државната противпожарна академија, каде завршил повеќе курсеви за безбедно и ефективно гаснење на пожари.
„Како докторант на Корнау, се приклучив на локалната противпожарна служба, каде што започнав како обичен пожарникар и потоа полека стигнав до командир на целата единица, водејќи една од најуспешните служби во округот Томкинс, која неодамна беше признаена, како една од најуспешните противпожарни служби во САД“, вели Данев.
Морав да се прилагодам на брзиот начин на работа и одлучување, особено во кризни ситуации
Никола Данев, командир на против пожарна единица во САД
Данев вели дека она што овозможува напредувње на вакви позиции е постоење на јасна рамка, во системот за итни реакции во САД и воопшто во американското општество.
„За мене тоа беше еден предизвик, не затоа што јас сум странец, туку морав да се прилагодам на брзиот начин на работа и одлучување, особено во кризни ситуации. На почетокот мојата улога беше помагање на постарите колеги, носење опрема, подршка на терен, а со текот на времето преку вложување и учење ми беа доделени е поголеми одговорности. Се соочував со интервенции во пожари, автомобилски нереќи, ситуации каде требаше да се спасуваат животи во најтешки услови. Но, она што секогаш ми оставало најголем впечаток е чувството на заедништво и доверба во тимот“, објаснува Данев.
Данев неодамна беше дел од група млади американски пожарникари, кои имаа средба со директорот на македонскиот Центар за управување со кризи, Стојанче Ангелов. Тие имаа можност да го испробаат системот во ЦУК, преку анонимна пријава до дежурните диспечери.Вели дека македонскиот систем за управување со кризи е добро поставен и оти ги импресионирал посебно системот 112, кој брзо и ефикасно одговарал на разни типови на итни ситуации.„Во споредба со американскиот систем, главната разлика е што во САД, таквите центри имаат малку подолга историја на функционирање и можат да послужат како модел за воведување дополнителни технолошки решенија и методи за обука. Но, генерално Македонија има млад и стабилен добро организиран систем со одличен тим на професионалци“, вели Данев.Било заклучено дека се користи сличен систем за пружање прва помош преку единствен повикувачки број за итни случаи.„И македонскиот и американскиот систем се базираат на координација меѓу различните служби, дали се тоа противпожарните служби, медицински, полициски, сите со цел да обезбедат брза реакција на граѓанските потреби. Она што нè изненади е колку добро функционира системот 112 во Македонија и колку брзо и професионално се одговара на повиците“, вели Данев.За неодамнешната посета на тимот од САД, зборуваше и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.„Бевме запознати како функционира противпожарната служба во нивното гратче. Во суштина таму нема професионална единица, туку тие се оние кои ги гаснат запалените објекти во самиот град и околината. Можевме да видиме како во САД е развиено доброволното пожарникарство, нешто што е наш предизвик и нешто на што работиме овие години и верувам дека во следниот период ќе имаме повисоки резултати затоа што кај нас има огромен потенцијал за развој на доброволното пожарникарство“, посочи Ангелов.Данев додава дека, да се биде единствен Македонец во таков систем за спасување и брз одговор е голема одговорност.„Ми беше многу важно да ја претставувам Македонија во тимот. Како Македонец чуствував одговорнот да покажам дека нашата земја има квалитетни луѓе, кои можат да бидат рамо до рамо со најдобрите. Моите американски колеги ме прифатија, како рамнправен член на тимот, па дури ме изгласаа за нивни командир“, вели Данев.Фактот што доаѓам од мала земја, како мојата, беше само дополнителна причина за гордост, не само за мене, туку и за целиот тим, ни рече Данев.