Израелската армија вчера соопшти дека извршила нови напади врз објектите на групата Хезболах во Либан, а претходно од воздух го гаѓаше главниот воен штаб на тоа вооружено исламистичко движење во Бејрут.
„Борбените авиони ги гаѓаа објектите на терористичката организација Хезболах длабоко во Либан и на југот на Либан, конкретно ракетни фрлачи кои беа насочени кон израелски цивили, како и места каде што се складира оружје“, соопшти израелската армија.
Израел изврши серија воздушни напади врз воениот штаб на Хезболах во јужните предградија на Бејут, а израелските медиуми тврдат дека во тоа време таму бил лидерот на организацијата Хасан Насрала.
Засега не е јасно дали Насралах ги преживеал нападите, јавуваат агенциите, додека Ројтерс, повикувајќи се на извор близок до Хезболах, објави дека Насрала е жив, а извор близок до Хезболах за AFP изјавил дека Насрала е добро.
Во првите напади во Бејрут, најмалку две лица загинаа, а 76 се ранети, објави во петокот вечерта либанското Министерство за здравство, наведувајќи дека ова не се конечни бројки бидејќи многумина се во урнатините на неколку станбени згради.
ФОТО: Архива