Нов камион цистерна за чистење улици набавен за потребите на ЈП „Комунално“ – Струга

Во рамките на проектот „Справување со загадување на воздухот – фаза 2“, финансиран од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), а имплементиран од Одделението за локален економски развој (ЛЕР) при Општина Струга, набавен е нов камион цистерна за миење и чистење на улици, наменет за потребите на ЈП „Комунално“ – Струга.

Со оваа инвестиција значително се зајакнуваат капацитетите на јавното претпријатие за одржување на јавната хигиена, а воедно се придонесува кон намалување на прашината и аерозагадувањето, особено во урбаните делови на градот, каде што загадувањето на воздухот е поизразено.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ