НОВ НАЛЕТ НА НЕВРЕМЕ ВО СКОПЈЕ Во градот е хаос, паднати паноа, дрвја, сообраќајот е парализиран

Од невремето кое вечерва го зафати Скопје во оперативниот центар на ЦУК стигнаа околу 70 пријави од 112 кои претежно се за паднати дрва во општините Аеродром, Гази Баба и во Центар.Има и пријави за поплавени подруми и улици во Бутел и Ѓорче Петров. Сите пријави се пренесени на надлежни институции.

„Дел од оградата заедно со рекламно пано од железничкиот мост во Автокоманда паднале врз две возила во движење. Немаме имформации за повредени лица“, велат од ЦУК.

Од невремето има паднати дрвја во Кисела Вода и во Аеродром.

Нешто пред 21 часот Скопје по вторпат е зафатено од невреме.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ