Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Кахраманмарас во Турција.
Епицентарот бил во округот Гоксун, на длабочина од 16,36 километри. Во февруари годинава во истиот регион имаше силен земјотрес кој уби над 50.000 луѓе само во Турција, а неколку илјади луѓе загинаа и во соседната Сирија.