Нова мета на Украинците е рускиот регион Белгород, се обидуваат да ја пробијат руската граница! Во тек се жестоки борби

Украинските сили се обидуваат да ја пробијат границата во регионот Белгород во западна Русија.

Ова го објави Ројтерс, повикувајќи се на руски канали на Телеграм.

Гардијан јавува дека борбите се во тек.

Каналот Mash на Телеграм тврди дека околу 500 украински војници напаѓаат два руски контролни пункта во Нехотеевка и Шебекин во регионот Белгород.

Областа се граничи со Курската област, каде што украинските војници зазедоа територија по молскавичниот упад што започна на 6 август.

Вјачеслав Гладков, гувернерот на Белгород, по првите извештаи за нападот изјави дека ситуацијата на границата со Украина е „тешка, но под контрола“.

Британската агенција наведува дека Белгород и другите погранични области се во состојба на готовност по упадот на украинските војници пред три недели во областа Курск, каде што Русите се уште не можат да ги избркаат од окупираната територија.

– Има информации дека непријателот се обидува да ја пробие границата во регионот на Белгород. Според Министерството за одбрана на Русија, ситуацијата на границата се уште е тешка, но е под контрола. Нашата армија ги исполнува предвидените обврски. Ве молиме, останете смирени и верувајте само на официјалните извори на информации, рече Гладков во кратката објава на Телеграм.

Канал SHOT на Телеграм претходно објави дека украинските сили го нападнале граничниот контролен пункт во Нехотеивка, но се повлекле откако претрпеле загуби.

Според информациите на друг канал Mash, за кој Ројтерс вели дека е поврзан со безбедносните служби, Украинците се обиделе да ја пробијат границата кај Шебекин, додека SHOT тврди дека таму нема борби.

Британската агенција вели дека не е во можност самостојно да ги потврди овие извештаи од бојното поле.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ