ЈЗУ Општа болница Охрид доби вредни финансиски донации за набавка на нова опрема на одделот за патологија и одделот за офталмологија . Едниот современ апарат е за оптичка кохерентна томографија, што е основна дијагностичка алатка во модерната офтолмологија . Со овој апарат пациентите наместо по приватни ординации дијагностички услуги ќе добиваат во болницата.
Втората донација е за апаратите со цел опремување на одделот за патологија, со што ќе се скрати времето на чекање резултати, што е од клучно значење за пациентите.
-„Станува збор за четири апарати, автоматизиран ткивен процесор од затворен тип, ротационен полуавтоматски микротом, водена бања и ладна плоча со калапер со топло ладна плоча. Со оваа опрема нашето одделение за патолошка анатомија влегува во полна снага, односно ќе ги сервисира препаратите како од нашата здравствена установа така и од околните, затоа што од ваков тип лабараторија е единстевна во Југозападниот регион. Ќе вршиме сервисирање на материјали како од државните така и од приватните иснтитуции во регионот. Најголемата придобивка е тоа што значително ќе се скрати времето на чекање на резултати од овие материјали, во некои случаи знаат да бидат од витално значење особено ако резултатот упатува на малигно заболување. Ако во минатото знаевме да чекаме резулати дури и 30, а некогаш и повеќе денови сега значително ќе се скрати тоа време на седум денови. Oд друга страна има и економска придобивка, затоа што ќе сервисираме услуги и за други институции“, изјави Д-р Горан Маркоски директор на ЈЗУ Општа болница Охрид.
Новите апарати се донација од Агенцијата за катастар на Р.С. Македонија, за кои се изврши пренамена на средствата, кои претходно беа на донаторската сметка.
-„ Ние стапивме во контакт во месец август 2024 година, бев информиран дека беше одобрена донација меѓутоа по преоценка на самиот тим од тука беше предвидено да се набави опрема, која што не е соодветна за потребите на самата институција. Институцијата со новиот менаџмент имаше предлог за тоа каква опрема да се набави, ние како орган кој претходно ја имаше одобрено донацијата, почнавме постапка, во која ги поминавме сите филтри, одобривме практично анекс на тие средтсва и како што кажавме набавена е опрема која што ќе биде една од клучните во овој регион во земјава, односно нема да има потреба голем број пациенти да се упатуваат во Скопје, бидејќи тука ќе има брза и ефикасна дијагностика, бидејќи ова ќе претставува еден регионален центар“, вели Иван Живкоски директор на Агенцијата за катастар.
Вкупната инвестиција за апаратитите на двата оддели е 6.800.000,00 денари, и тие се веќе ставени во функција и достапни за пациентите, изјави Д-р Горан Маркоски.



