Новата седмица ќе донесе минусни температури – Поладен воздух и засилен северен ветер во текот на неделата

Во текот на претстојната недела, почнувајќи од утре, па се до крајот на неделата, нашата територија ќе биде зафатена од значително поладен воздух од североисточните и источните делови на Европа. Овој ладен бран ќе биде релативно сув, без снежни врнежи, што значи дека нè очекува сув студ, проследен со повремено засилен северен ветер, особено во понеделник и среда.

До крајот на денот, како и во текот на ноќта кон утрешниот ден, ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд, додека на планините над 1500-1600 метри надморска височина ќе има слаби врнежи од снег.

Во Скопје и околината, од утре па во текот на целата седмица, ќе се почувствува значителен пад на температурите. Особено во понеделник и среда повремено ќе дува засилен северен ветер. До крајот на денот, како и во текот на ноќта, ќе има услови за повремен послаб дожд.

Температури и временска прогноза

  • Од среда, утринските температури насекаде ќе бидат негативни, спуштајќи се во интервалот од -10°C до -1°C.
  • Во високите места, планинските региони и скијачките центри, температурите би можеле да паднат и под -10°C.
  • Максималните дневни температури ќе се движат во интервалот од 2°C до 9/10°C.

Во текот на неделата, времето ќе остане суво и студено, со повремено засилен северен ветер.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ