Нуркачите на Амфора со сертификати за заштита на природата

DCIM100GOPROGOPR5726.JPG

Во организација на Нуркачкиот Центар Амфора од 07 до 09 Јуни се одржа курс за заштита на природата.

Станува збор за специјализиран курс за препознавање на видовите на флората во Охридското Езеро, класификација и заболување.

Курсот го водеше Silke Oldorff одделенски менаџер на VDST, и лидер на тимот на стручњаци од  NABU (Nature and Biodiversity Conservation Union) од  Сојузна Република Германија.

Курсот  успешно го завршија и се сертифицираа седум нуркачи од Амфора.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Со ова Нуркачкиот Центар Амфора од Охрид се верифицира и влезе во големото европско семејство за заштита на животната средина.

Низ секојдневните нуркања, нуркачите на Амфора ќе ја пратат состојбата на флората во Охридското Езеро и ќе алармираат пред се до Хидробиолошки завод и до NABU за одредени нарушувања.

За полесно препознавање на флората Амфора на поклон од NABU доби современ електронски микроскоп.

DCIM\100GOPRO\GOPR5767.JPG

За реализација на курсот, Амфора доби голема поддршка од НУ Завод и музеј Охрид, Хидробиолошки завод и Општина Охрид.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ