Обука за еко – пријателски бизниси во Струга

Во рамки на проектот „Интегрирано управување со шумите (ИУШ) долж сливот на реката Дрим“ во вторник во Струга ќе се одржи обука на тема „Еко – пријателски бизниси“.

Целта на проектот, како што соопшти ЦНВП Скопје, е ублажување на климатските промени и одржлив развој долж сливот на реката Дрим, преку зајакнето интегрирано управување со шумите. Според информацијата, преку поставените мерки ќе се подобрат условите за живот во руралните заедници долж течението на реката Дрим.

Долгорочниот резултат на проектот ќе биде социо-економски и еколошки придобивки за локалните заедници, преку услугите на еко системот зајакнати со примена на методите на интегрирано управување со шумите, пошумување и заштита на биодиверзитетот, посочува ЦНВП Скопје.

Целни групи за обуката, додадваат, се туристички капацитети, сопственици на локални бизниси, туристички водичи, поединци/бизниси недрвени шумски производи, поединци заинтересирани за одржлив бизнис, ентузијасти во еко-туризмот и застапници за плаќање за екосистемски услуги.

Тригодишниот проект „Интегрирано управување со шумите (ИУШ) долж сливот на реката Дрим“ го спроведува ЦНВП Скопје во партнерство со ИЦЕП (ICEP – Verein für Globale Entwicklung).

Извор:OhridNews

ОСТАНАТИ ВЕСТИ